Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Giulietta Ravel/Мариела Коради (биографија)

Go down

Giulietta Ravel/Мариела Коради (биографија) Empty Giulietta Ravel/Мариела Коради (биографија)

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 6:49 am

Таа е главната негативка во серијата „Маѓепсани“. Се интересира само за парите и статусот кој ги добива со бракот со Антонио Коради. Неспособна е некого да сака, освен себеси, па затоа и на крајот ќе остане сама и ќе има трагична судбина - вака го опиша ликот на Мариела Коради, нејзиниот толкувач, актерката Џулиета Ревел.

Оваа 36-годишна актерка, која до улогата во „Маѓепсани“, повеќе беше позната како пејачка и танчерка, стана првата жена во Италија која служеше војска и тоа во единицата за тенкови. На ваков чекор се одлучила за полесно да ја преболи смртта на нејзиниот татко.

Денес, таа е една од најгласните поборнички жените да служат војска и да може да пилотираат со борбените авиони.

Родена во Торино, а во Рим дошла заради кариерата на танчерка. Со нејзината мајка и денес не остварува контакт, поради нерасчистените односи во минатото, кога и било забрането да се пријави на аудициите за танчерка.

Дипломирала на Правниот факултет на отсекот политичка науки, што била и желба на нејзиниот татко, кому најважно му било ќерката и синот Паоло да бидат академски образувани.

Но, Џулиета никогаш нема да работи на струката, туку танцувањето ќе ја однесе во друг правец. Повикана е на аудицијата за снимање на филмот „Немам сон“, филм кој ќе биде пресуден за неа на љубовен план. Улогата не ја добила, туку станала асистентка на режисерот Дарио Арџенте. Љубовта меѓу нив брзо се развила, но по две години, Џулиета ќе открие дека тој на снимањата е вистински професионалец и грижлив кон неа, но приватно е ист како и неговите хорор филмови.

Успехот за неа дошол со улогата на Мариела Коради во „Маѓепсани“. Кога и откриле дека треба да биде главна негативка, Мариела не се двоумела да се трансформира во злобничка, а за таа улога и помогнало и искуството со Дарио Арџенте, чии реакции самата ги превзела, а да не била свесна.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот