Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Не давај се, Нина!/Ne daj se, Nina!

Go down

Не давај се, Нина!/Ne daj se, Nina! Empty Не давај се, Нина!/Ne daj se, Nina!

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 2:30 am

Во светот на високата мода, убавината и парите се пресудни за успех. Во тој гламурозен свет, доаѓа главната хероина Нина Брлек, која не поседува ниту пари, ниту убавина, но е интелигентна, вредна и образувана личност. Серијата има 52 епизода во првата сезона и е копродукција на А1 со балканските телевизии. Епизодно ќе се појавата и многу славни личности, како Тони Цетински.

Нина Брлек е проста девојка на која и недостасуваат манири, бон тон, способноста за дружење. Нејзините модни додатоци се преголемите очила и косата без никаква форма. Благодарение на својата снаодливост и во најкомплицираните ситуации, Нина полека си го наоѓа местото до врвот, а на тој пат ќе и се испречат далеку попрефинети дами од неа.

Нина почнува да работи како асистентка на генералниот директор, брзо открива дека светот на гламур не е таков каков што го замислувала. На секој чекор се среќава со сплетки, остра конкуренција меѓу моделите, креаторите и челниците на компанијата. Најголема мака ќе и задават анорексичните манекенки кои ја имаат Нина како омилена тема на разговорот и мото како не треба да изгледа една девојка. Во првата сезона, Нина преку работното место, почнува и да учи се за модата, не само за работното место што го има. Нејзините предлози, честопати се прифатени од креаторите кои во Нина гледаат личност која добро го познава вкусот на обичниот народ. Нина се вљубува во Давид, човекот за кого работи, но ќе се соочи со жестока конкуренција во девојката Патриција, со која и конкурира за работното место. Нина ја толкува Лана Гољак.

Давид Гловотски е наследникот на богато загрепско семејство кој поседува фатална харизма за жените. За да ги победи несигурноста и комплексите, се впушта во авантурата директор на модна куќа кој е во сопственост на татко му. Сите проблеми ги решава со доза на хумор, а во критичните ситуации не умее да се извлече, па најверен соработник ќе најде токму во Нина, а со тоа ќе го навлече бесот на неговата свршеница Патриција. Давид го игра Роберт Курбаша.

Патриција Вучковиќ е олицетворение на бескрупулозна девојка, со прости и вулгарни манири кои ги користи за да го добие тоа што го сака. Таа зема се што и пружа животот, гази преку тела за да дојде до целта и притоа не бира средства да ги тргне сите кои и стојат на патот. Таа е дволична без никакви морални вредноста или чувство за нечија трагедија, не постои граница која нема да ја помине или закон кој нема да го прекрши. откако ќе сфати дека конкуренцијата Нина е неколку скалила подолу од неа, ќе ги примени сите методи за да ја тргне од фирмата. Имено, Патриција и Нина конкурираат за позицијата асистент, и таа ќе го искористи сиот шарм за да ја добие работата, но главен непријател ќе и стане Виктор кој ќе ја вработи Нина. Ја толкува Бојана Ординачев, нам добро позната од серијата Јелена.

Петра Видиќ е најголемиот противник на Давид. Опседнат со идејата дека на Давид се му е сервирано на готово, тој напорно ќе смислува планови за да го уништи. Му подметнува сомнителни договори, бизнис зделки, уништува документи, за да има доказ пред управниот одбор дека Давид е неспособен за директор на голема фирма. Единствената цел му е да стане сопственик на фирмата, зошто фигурира само како ко-сопственик со мал процент на акции. Петар е саркастична личност, самобендисан и циничен. Него го игра Петар Циритовиќ.

Барбара Видиќ е сестра на Петар и слично на него го има истиот карактер. Делува арогантно, емотивно е незрела и неспособна за изразување на чувства и кон сите гледа од висина. Сакајќи да го освои Давид ќе налета на неугледната Нина која ќе и ги помати и односите со братот. Барбара ја игра Кристина Крепела.

Марко Савиќ е локален плејбој, задоволен со животот, а уште посреќен кога брои колку жени му поминале низ постела. Во светот на модата влегува заради парите и манекенките и поседува се што треба да се освои девојка и тоа максимално го искористува. Девојките ги заведува од чисто задоволство и тоа го смета за спорт каде добива поени за секое освоено срце и мисли дека во таа дисциплина никој не може да му биде конкуренција. Марко го игра Андрија Молишевиќ.

Моника Мариновиќ е уредник на модното списание што го издава фирмата Хелена. Таа е жена со префинет вкус, специфичен стил и секогаш средена до совршенство. Пластичните операции ги користи максимално за да ги прикрие годините, а во карактерот потсетува на Барбара. Дистанцирана од сите, дискретна за љубовните врски, опседната со работата, ги користи сите средства за да успее да и донесе профит на фирмата. Моника ја игра Лидија Бегонија.

Алекс Краљ е најинтересниот лик во серијата. Со своето ексцентрично однесување, движењата и манирите веднаш кажува за себе дека е моден креатор и хомосексуалец. Омилена забава му се прераскажувањата на трачевите. Перфекционист е, не штеди на зборови кои треба некого да се критикува, паничар која креацијата не успева или не е готова на време и итар кога треба да ги умилостиви клиентите и челниците. Него го толкува Едвин Ливерќ.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот