Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

24/24......

Go down

24/24...... Empty 24/24......

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 2:28 am

24

Ова е прва ТВ серија која го обработува проблемот на глобалниот тероризам и за првпат ја открива непознатата противтерористичка организација ПТО која нема никаква врска со Пентагон, туку работи исклучиво на разоткривање на непријателски намери, следење и ликвидирање на потенцијалните непријатели на САД.

Во шест години на прикажување, серијата освои преку сто ТВ награди, шест „ЕМИ“ награди, два „Златни глобуса“, од кој еден на Кифер Сатерленд за најдобар глумец во серија. Забележа и рекорден број на номинации, а во 2006 година, по бројот на номинации ги надмина и „Очајни домаќинки“ и „Изгубени“. Серијата до сега има шест сезони, а во јануари годинава, премиерно стартуваше и седмата сезона. Името, серијата го добива името по самото дејство на епизодите. Во секоја сезона, сите настани се случуваат во периодот 24 часа, а секоја епизода е еден час. Главниот стожер на сите настани е ПТО или Противтерористичката организација.

Дивизија е организацијата која ја создаде ПТО и која ги обучува и тренира нејзини службеници. Таа е самостојна организација, која не одговара кривично, ниту пак прима наредби од претседателот на државата или било кој владин службеник. Нејзина цел е успешно делување на ПТО, вработување на нови кадри кои претходно поминуваат низ едногодишна обука и испитување, како и обработка на минатото на секој нејзин службеник. Директор на Дивизијата е Рајан Шапел.

ПТО е организација кога ги следи, набљудува, дејствува и спречува терористичките активност на територијата на САД. За таа намена користи најсовремена технологија на следење, дешифрирање на пораки, следење на телефонски разговори, упад во компјутерските мрежи на банките, компаниите и камерите во било кое место поставени во сите држави и следење на се што е мобилно преку глобалниот сателит.

Џек Бауер е специјален агент на ПТО. Обучен за секакви акции, со дозвола за испрашување, приведување и убиство. Пред да дојде во ПТО, Џек бил специјалец на единицата „Делта Форс“ за изведување на диверзантски акции против терористите на Блискиот Исток. Неговата вештина за акција го носи во ПТО каде влегува во трага на најпознатите терористи, користејќи ја најсовремената технологија на комуникација. Близок пријател е со претседателот Дејвид Палмер кого го спасува од многу обиди за атентат. Се справува и со двојните агенти во самата ПТО и подготвен е на секакви методи да извлече признание или информација од оние кои ќе го одведат до терористите.

Дејвид Палмер е првиот црн претседател на САД. Верува во праведност, но ќе се соочи со неверојатна корупција во неговиот кабинет, а единствените на кои им верува се Џек и неговиот брат Вејн.

Дејвид е оженет со Шери, бескрупулозна жена, подготвена на се, дури и на предавство за да ја добие позицијата на Прва дама. Нејзините сплетки и соработката со терористите ќе доведат до трагедија која ќе го натера Дејвид да ја избрка и од животот и од Белата куќа.

Тони Алмеида е најдоверливиот соработник на Џек и главен специјалист за телекомуникации. Работи како системски аналитичар во ПТО, а специјалност му се кодираните сигнали и пресретнување на комуникацијата меѓу терористите. Како поранешен маринец, Тони поседува способност за диверзантски акции, користи снајпер и уреди за набљудување.

Нина Маерс работи во ПТО како аналитичар, но Џек ќе ја открие нејзината улога како двоен шпион. Зборува три јазика и е главен доушник на српските терористи.

Тери Бауер е сопруга на Џек. Иако не се судски разведени, Тери и Џек пет години живеат разделено, но се посветени на ќерката Ким. Тери по професија е историчар на уметност и конзерватор и нема никакви допирни точки со професијата на Џек.

Кимберли Бауер е проблематичната ќерка на Џек и Тери. Учи во втора година во средно училиште, но со својот темперамент и бунтовност ќе му зададе многу проблеми на Џек, а ќе стане и мета на терористите.

Рајан Шапел е директор на Дивизијата, одделот под чија управа е ПТО. Тој има овластување да назначува и сменува директори на ПТО, да вработува нови службеници и судски да ги гони оние кои ги кршат протоколите. Тој го поседува и списокот на сите тајни агенти во светот.

Алберта Грин е директор на ПТО која доаѓа како замена на Мејсон. Таа раководи со целата организација, дава наредби за следење и активирање на мобилни единици, како и приведување на осомничени.

Директорот на ПТО нема мандат, може да биде експресно избран и сменет доколку направи било каков пропуст, а за тоа е одговорна Дивизијата.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот