Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

CSI: New York/CSI: New York

Go down

CSI: New York/CSI: New York Empty CSI: New York/CSI: New York

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 2:27 am

Шеф на тимот во Њујорк е Мек Тејлор. Мек го има главниот збор во тимот и тој секогаш е прв на местото на злосторството. Мек се води по старото венецијанско правило: се е поврзано и ништо не е случајно.

Нему му помагаат Стела Бонасера, главен советник на Мек и специјалист за случаите на психолошка тортура, силување и киднапирање, Дон Флек специјалист за огнено оружје кој и самиот пораснал меѓу криминалците во Њујорк, Дени Месер задолжен за доказите кои тимот ги анализира на лице место, д-р Шелдон Хокс шеф на одделот за аутопсија и Линдзи Монро задолжена за испитување на осомничените.

Од епизода во епизода, тимот се соочува со фактот дека Њујорк полека станува град во кој не е сигурно да се живее. На секој чекор се наоѓаат криминалците, а најголем проблем им се мистериозните убиства во кои нема многу докази.

Мек и неговиот тим и самите ќе станат мета на криминалците, но нивниот најголем адут е лабораторијата, во која е возможно да се направат и реконструкции на човечки лица и тела и да се најдат докази за нивната смрт.

Снимањето на серијата започна во 2004-та година, од тимот на Ентони Звикер, човекот кој ги создаде тимовите на Лас Вегас, Сан Франциско и Мајами. Досега се снимени три сезони и од самиот старт на емитувањето, ги освои гледачите, рушејќи ги сите рекорди на гледаност.

Во улогата на Мек Тејлор ќе ја видиме филмската ѕвезда Гери Синиз, Мелина Канакаредес ја толкува Стела Бонсасера, Кармине Џовиназо го игра Дени Мејсер, Хил Харпер го толкува др. Шелдон Хоукс, Ана белкнап ја игра Линдзи Монро, Ванеса ферлито ја игра Ејден Бурн и Еди Кахил го толкува Дон Флек.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот