Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Khandi Alexander/Алекс Вуд (биографија)

Go down

Khandi Alexander/Алекс Вуд (биографија) Empty Khandi Alexander/Алекс Вуд (биографија)

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 6:27 am

Алекс Вудс ја толкува Шанди Александер, која приватно, не ни сонувала дека ќе и се овозможи улога во која секојдневно ќе мора да се дружи со мртви тела.

Шанди е родена на 4 септември 1957 година во Њујорк. Нејзината првична работа била кореографијата, па ќе стане дел од тимот на Витни Хјустон и ќе ги осмислува нејзините настапи на светските турнеи.

Шанди со години ќе биде сведок на разните испади на позната пејачка, нејзините проблеми со дрогата и бракот, за да на крај, самата даде отказ поради многубројните скандали што ја следеа пејачката.

Се префрлува на актерската кариера, каде што толкува улоги во неколку ТВ серии, а во 1993-та година се појави во епизодна улога во биографскиот филм за Тина Тарнер. Две години подоцна, станува дел од тимот на серијата „Вести на радио“, каде игра во две сезони во улогата на Кетрин Дјук, контраверзната водителка на радиото, чија специјалност се сексуалните фрустрации.

Потоа се префрла во тимот на „Ургентен центар“, во осмата сезона, во улогата на Џеки Робинс. Медицинските искуства од серијата, ќе и овозможат да се вклопи и во улогата на Алекс Вудс.

Освен улогата во „Истрага на местото на злосторството: Мајами“, Шанди, годинава сними и два филма, кои сеуште се наоѓаат во фазата на постпродукција. Првиот е „Првороден“, ќе ја има премиерата во септември, а во октомври се очекува и премиерата на вториот филм „Дожд“.

Живее во Лос Анџелес и воопшто не помислува на брак, иако во серијата е мажена и има две деца.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот