Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

T. R. Knight/Џорџ О'Мали (биографија)

Go down

T. R. Knight/Џорџ О'Мали (биографија) Empty T. R. Knight/Џорџ О'Мали (биографија)

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 6:18 am

T. R. Knight/Џорџ О'Мали
T. R. Knight

Роден е на 26 март 1973 година во Минеаполис, Минесота. Уште на возраст од пет години заиграл за прв пат во театар. По завршувањето на средното училиште се запишал на Универзитетот на Св Томас и Св. Павле во Минесота но, набрзо го напуштил и почнал да настапува во театар.

Потоа се сели во Њујорк и настапува на Бродвеј. Највпечатлива улога оставил во 2001-ва година во претставата „Noises Off“.

Во 2003-та година бил номиниран за награда за најдобар театарски глумец, за улогата во претставата „Тартиф“.

Прва позначајна улога во телевизиска серија добил во „Nathan Lane“ но, серијата не траела долго.

Во 2005-та година ја добива улогата на Џорџ О'Мали во „Вовед во анатомија“, а за таа улога во 2007 беше номиниран за „Еми“, во категоријата Најдобра машка споредна улога.

Привлече големо внимание на јавноста во октомври 2007-ма, кога се појавија коментари дека неговиот колега од „...анатомија“, Ајзеа Вашингтон (Престон Бурк), го навредувал, алудирајќи на неговата сексуална ориентација.

По инцидентот Вашингтон јавно се извини, а Најт преку списанието „People“ даде изјава во која, меѓу другото, ја откри вистината за својата сексуална ориентација.

„Имаше неколку прашања во врска со мојата сексуалност и сакам да ги прекинам озборувањата поврзани со тоа. Иако повеќе сакам мојот приватен живот да остане приватен, се надевам дека фактот што сум хомосексуалец не е најинтересната работа поврзана со мене“, се вели во неговата изјава објавена во „People“.

Во јуни 2007-ма година Најт го продолжи договорот со продуцентите на „...анатомија“ за уште една сезона, а договорот на Вашингтон не беше продолжен.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот