Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Маѓепсани/Incantesimo

Go down

Маѓепсани/Incantesimo Empty Маѓепсани/Incantesimo

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 2:36 am

Деветтата сезона на италијанската серија Маѓепсани носи нови возбудувања. По скандалот со намерното заразување на пациентите со хепатит од страна на Жан, клиниката презема нови мерки за заштита.

Смртта на Антонио Коради за сите е шок, особено за Сара која не може да го преболи.

Диего и Џована решаваат да и го вратат угледот на Лајф и го вработуваат новиот примариус Алберто Курти. Алберто е семеен човек оженет со Елена со која има две деца, синовите Франческо и Марко.

По еден месец работа во Лајф, тој дознава дека неговиот брат Давид ја напушта работата во Бостон и се враќа во Рим, каде сака да работи приватна пракса.

Давид е специјалист за микрохирургија и пластични операции, а неговото враќање ќе го смени животот на семејството на Алберто. Имено, Давид порано излегувал со Елена, која ја напуштил кога му се пружила можност да замине на специјализација во Бостон, а таа од очај, се омажила за неговиот брат. По девет години, старата љубовна искра повторно ќе се појави меѓу нив, што ќе предизвика жестоко ривалство меѓу браќата и ниту едниот не сака да се откаже од вистинската љубов.

Џована и Диего заминуваат на одмор, а клиниката сега ја води Оскар Сенси, а директорка е Виола, која на ова место доаѓа по наредба на Чезаре Гомез, стариот непријател на Џована. Тој открива дека Виола има внук од младешката врска на нејзиниот син Алдо со девојката Лоредана Давид и го користи тој факт да ја уценува и да може полесно да манипулира со неа. Нему му помага неговиот син Лоренцо.

При тепачката со Лоредана, која и му помага на Гомез да влезе во Лајф, тој ќе исценира убиство за да ја натера Виола да прими медицинска опрема со сомнителен квалитет и кој може да го повтори случајот со хепатитот. Алдо пак, ќе се вљуби во администраторот Луиџи ди Паоло, што ќе предизвика скандал во клиниката.

Сара се враќа во нормален живот и не може да го заборави Антонио, но средбата со младиот мелез Амир ќе и го смени животот. Амир станува нов доставувач на Лајф и се вљубува во Сара, а таа ќе ја вработи неговата сестра Лејла во клиниката што ќе предизвика гласини за непотизам. Лејла ќе се вљуби во Лоренцо, синот на Гомез, а Амир прв ќе насети дека убавото момче е всушност многу опасно.

Тили наоѓа нова љубов и тоа преку радио емисијата „Познавачи на патиштата на срцата“, која ја води средовечниот господин Лоренцо Маури. Тили постојано се јавува во емисијата и се претставува како Бјанка, а Лоренцо ќе се вљуби во неа.

Но, Тили и Лоренцо се и први соседи, а најголем проблем ќе и направи бунтовната ќерка на Лоренцо, Каролина која е во лудите години, а Тили извесно време воопшто и не насетува дека нејзиниот татко е радио водителот во чиј глас се вљубила. Нивната врска ќе се одвива преку радио брановите каде се сакаат, но приватно постојано доаѓаат во конфликти.

Серијата е снимена по сценарио на Марија Вентура, а режијата е на Томас Шерман.

Во деветтата сезона на Маѓепсани играат: Алесио де Клементе како Алберто Курти, Масимо Була како Давид, Џорџа Бондањи како Елена, Карлота Мити како Сара Сегре, Делиа Бокардо како Тили, Паола Питагора како Џована Медичи, Родолфо Балдини како Чезаре Гомез, Бенедета Бучелато како Лоредана, Корине Клери како Виола, Иво Гарани како Умберто Курти, Паоло Ланца како Оскар Сенси, Кели Паласиос како Лејла, Паоло Ферари како Лучијано и Давид Ејб како Амир.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот