Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

CSI: Miami/CSI: Miami

Go down

CSI: Miami/CSI: Miami Empty CSI: Miami/CSI: Miami

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 2:25 am

Одделот за истрага во Мајами ја има истата функција како и нивните колеги од Лас Вегас, Њујорк, Сан Франциско. Нивната лабораторија е помала од оние во Лас Вегас и Њујорк, но ја има истата функција, разрешување на сите видови на криминални дејствија, а специјалност им се убиствата во градот познат кај Рајска метропола.

Шеф на одделот е Хорацио Кејн, кој на тоа место доаѓа по заминувањето на Меган Донер. Крстен е по писателот Хорацио Алгер. Израснат во Мајами и одлично го познава уличниот живот и при истрагите секогаш се води по инстиктот. Негова специјалност се бомбашките напади, бидејќи и самиот бил дел од таква екипа, па одлично се разбира во монтирање и демонтирање на бомби. Хорацио го игра актерот Дејвид Карузо.

На Хорацио му помага и специјалниот одред во состав:

Калиг Дуквешн, специјалист за балистика и препознавање на секој тип на куршум, поради што во одделот го носи прекарот Куршум девојка. Родена е во семејство, во кое родителите се венчани под вооружена присилба, па цел живот ќе биде сведок на постојани расправии меѓу родителите и нивна меѓусебна вооружена пресметка. Рано го запознава насилството, а наместо играчки, во нејзиниот дом наоѓа куршуми, што на ироничен начин ќе ја одреди и нејзината идна опсесија - балистиката. Калиг доаѓа од полицијата во Њу Орлеанс на повик на Хорацио, кој ќе биде воодушевен од нејзиното познавање на куршумите. Калиг ја толкува актерката Емили Проктер.

Ерик Делко е специјалист за ДНК анализа и анализа на докази кои најчесто се наоѓаат оставени под вода. Тој потекнува од семејство на руски емигрант и кубанка. Неговиот татко работел како инженер во Куба, каде се оженил и го добил синот Ерик и уште три ќерки. Поради режимот на Кастро, семејството бега во Америка. Иако татко му посакувал синот да стане шампион во пливање и да стаса до олимпијадата, младиот Ерик се свртел кон криминалистиката. Разочараниот татко се откажал од желбата да има син спортист и го вработува во одделот во Мајами, благодарение на познанството со Хорацие Кејн. Ерик го игра актерот Адам Родригез.

Тим Спидл е специјалист за оружје негова задача е откривање на оружје користено во убиства. Освен оружјето, тој е задолжен при одредувањето на начинот на кој настапила смртта кај жртвата и кој предмет е користен. Тим го игра актерот Рори Кочрејн и тој во серијалот остана само две сезони.

Алекс Вуд е шеф на одделот за аутопсија. Нејзина специјалност се мистериозните труења. Потекнува од семејство со шест деца во кое никој не размислувал да се посвети на полициската работа. Остварувајќи ја желбата да стане доктор по општа медицина, таа се повеќе се насочува кон криминалистичката медицина, особено кон аутопсијата. Во Мајами работи во градската болница како хирург, но по една грешка при операцијата, по која пациентот умира, таа е обвинета за негрижа и отпуштена од работа. Благодарение на подршката од сопругот, се вработува во полицијата во Њујорк, а откако со сопругот и двете деца се сели во Мајами, веднаш е ангажирана во одделот за аутопсија на Хорацие Кејн. Алекс ја толкува Шанди Александер.

Од оваа серија, засега се снимени пет сезони, а сите актери како епизодни гости се појавуваат и во истоимените серијлите за Њујорк, Лас Вегас и Сан Франциско.

Серијата за првпат се прикажа во 2002 година и досега има освоено една "Еми" награда за најдобра серија во 2003 година, а следната година повторно беше номинирана, но победата ја однесоа

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот