Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ќе се вратат штрковите/Vratice se rode

Go down

Ќе се вратат штрковите/Vratice se rode Empty Ќе се вратат штрковите/Vratice se rode

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 2:34 am

Серијата го следи патешествието на двајцата другари Ексер и Шваба. Тие се типичен пример на пропадната генерација која излезот од сиромаштијата го гледа во нелегалниот бизнис. Во ерата на транзициона Србија, двајцата стануваат шверцери на сомнителни парфеми и очекуваат да се случи некое чудо.

Шваба има 33 години и за себе вели дека е лузер по професија. Тој живее со родителите и секој ден го мачи проблемот со големиот долг што го има кон локалниот криминалец Дуле Пацов. Единствен излез, гледа во продажбата на куќата, што неговата мајка Радмила ја наследила од некојси Тоза во селото Баранда. Заканите на Дуле ги сфаќа премногу сериозно, бидејќи тој криминалец веќе се имал пресметано со неколку должници, па Ексер не сака да си помине каков нив. Него го игра Никола Ѓуричко.

Ексер има 44 години и ја продава шверцуваната стока од Дуле Пацов. Должи пари за кирија и тој се надева дека нешто ќе му се посреќи во животот. Иако работи за Дуле, кој му се заканува на Шваба, Ексер е подготвен секогаш да го одбрани. Ексер го игра Драган Бјелогрлиќ, кој е и продуцент на серијата.

Дуле Пацов е главниот меѓу криминалците, краде стока и ја препродава по високи цени. Има листа на должници со кои сурово се пресметува доколку не му го вратат долгот со камата. Во Баранда, сака да го прошири бизнисот и да отвори луксузна кафена. Него го игра Срѓан Тодоровиќ.

Серијата има 25 епизоди и е во режија на Горан Гаиќ. Автор на музиката е Саша Лошиќ (некогашниот пејач на Плави оркестар), а во серијата за првпат се направи и преседан, кога во една сцена има и хомосексуален бакнеж на актерите Влада Алексиќ и Игор Филиповиќ.

Во епизодна улога ќе се појави и Мира Фурлан.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот