Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Нашата мала клиника/Nasa mala klinika

Go down

Нашата мала клиника/Nasa mala klinika Empty Нашата мала клиника/Nasa mala klinika

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 2:32 am

Хумористичната серија „Нашата мала клиника“ е балканскиот одговор на мега популарната германска серија „Клиниката Шварцвалд“ во осумдесеттите години. Автор и сценарист на серијата е популарниот Бранко Ѓуриќ-Ѓура, нам добро познат од серијалот од осумдесеттите години „Топ листа надреалиста“.

Увидувајќи дека проблемот со здравството е најактуелен на Балканот Ѓура по урнекот на Клиниката Шварцвалд ја создаде „Нашата мала клиника“, алудирајќи на проблемите со кои се соочуваат сите балканци, особено оние најзагрозените, кои не се здравствено осигурани.

Серијата започна да се снима во 2001-ва година, најпрвин во Словенија, која потоа лиценцно ја продаде и на Хрватска (во 2004) и на Србија (2005). Серијата стана толку популарна во Словенија, што во Цеље се изгради Здравствен центар „Наша мала клиника“, на 4000 квадратни метри.

Американскиот режисер Мајкл Мур, од словенската верзија зеде инсерт со лекувањето на неосигурените граѓани за да алудира на американскиот здравствен систем, а ја искористи сцената во која докторите на ваков пациент му ја ампутираат ногата со пила, за да заштедат на струја и го анестезираат со ракија.

Самиот Ѓура се појавува во втората епизода на серијата со наслов „Клиника за хемороиди“, во улогата на проф. д-р Харалд Шмит, а неговата сопруга Тања Рибиќ ја игра докторката од Словенија, Сања, која игра и во словенската верзија на серијата.

Во главните улоги се појавуваат: Неда Арнериќ како финансиската директорка Соња Попиќ, Рене Биторајац како хирургот Зец (игра и во хрватската верзија), Боба Нонковиќ како интернистот Марко, а во епизодна улога се појавува Сека Саблиќ.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот