Серии
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Вовед во анатомија/Grey's Anatomy

Go down

Вовед во анатомија/Grey's Anatomy Empty Вовед во анатомија/Grey's Anatomy

Пишување by LeKi Сре Jул 02, 2008 2:24 am

Персоналот на клиниката во Сиетл го сочинуваат Мередит Греј, чија мајка била многу познат хируг, но поради Алцхајмеровата болест е сместена во санаториум, Кристина Јанг, Дерек, со прекар „Мистер Згоден“, Ричард Вебер, Престон Бурк, Џорџ О'Мали, Изабел „Изи“ Стивенс, Адисон жена на Дерек и Миранда Бејли, шефица на персоналот, која поради незгодниот карактер, брзо го стекнува прекарот Нацист.

Сите ја имаат хирургијата како специјалност, а со тек на времето, меѓу нив се раѓаат љубовни врски од кои само мал дел ќе се покажат како успешни.

Серијата започнува со средбата на Мередит и Дерек во кафе бар. Тие истата вечер завршуваат во кревет, без да знаат дека следното утро ќе се видат како колеги.

Серијата досега има три сезони. Интересно е дека секоја епизода има наслов по песните од Битлси и Р.Е.М. Нараторот во секоја епизода е гласот на хероината Мередит.

За улогата на Дерек Шепард, првобитно бил планиран актерот Роб Лоу, но Патрик Демпси се покажал како најдобра варијанта.

Во втората сезона се појавува и актерката Кејт Волш во улогата на Адисон Шепард, главната соперничка на Мередит. Таа како и ликот на Алекс Карев, првобитно требало да играат само во пет епизоди, но нивниот лик стекнал обожаватели, па ангажманот им е продолжен на неодредено време.

Во неколку епизоди, во епизодна улога се појавува и холивудската ѕвезда Крис О'Донел, во улогата на докторот Фин, кој ќе му стане конкурент на Дерек за освојувањето на Мередит.

Меѓу интересните случаи што ги има персоналот се: жената во виљушка во врат, труден маж, операција на неродено бебе, болнички сифилис (кога целиот персонал се тестира да се најде преносителот), човек со шест прсти и многу други кои на моменти предизвикуваат и комични ситуации.

Серијата досега два пати освоила „Златен глобус“, за најдобра серија и споредна улога, една „Еми“ награда за најдобра серија.

Иако дејството на серијата се случува во Сиетл, сите ентериерни и екстериерни сцени се снимени во Калифорнија во болницата Кер центар.

LeKi
Admin

Број на мислења : 127
Join date : 2008-07-02

https://serii.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот